Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСите „американски“ Срби ќе гласаат за Трамп

Сите „американски“ Срби ќе гласаат за Трамп

Српската дијаспора во САД преку своите здруженија наголемо најавува дека ќе го поддржи републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп и нема да дозволат Хилари Клинтон да дојде на влас бидејќи нејзиниот сопруг Бил беше виновен за бомбардирањето на Србија во 1999.

Исто така и радикалецот Воислав Шешељ му изрази поддршка на Трамп и ја повика дијаспората да гласа за него на генералните избори во ноември. Според проценките во САД живеаат околу 2 милиони со српско потекло.

Трамп има прилично строги позиции кон миграцијата и најави депортирање на сите кои немаат легални документи, но тоа нема да им пречи на американските срби.