Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСин на пратеник на ВМРО-ДПМНЕ вработен во битолската полиција без јавен оглас

Син на пратеник на ВМРО-ДПМНЕ вработен во битолската полиција без јавен оглас

Од вчера во Министерството за внатрешни работи, вработен е Иван Илиоски, син на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски. Иван Илиоски е вработен во СВР Битола како приправник во одделот за економски и компјутерски криминал. Вработувањето е направено без распишан оглас, пренесува Плусинфо.

Од СВР Битола потврдуваат дека синот на Илиоски им е нов колега, а во врска со тоа што е примен без јавен оглас, објаснуваат дека Законот за МВР дозволува такво вработување.

– Законот дозволува без јавен оглас да се заснова работно место што во актот за систематизација се утврдува со статус овластено службено лице – вели Сања Стаматовска, портпарол на СВР Битола.

Зоран Илиоски е пратеник од 2014 година, претседател бил на ОК ВМРО ДПМНЕ до 2014 и долгогодишен директор на ЈП Водовод Битола.