Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегион(Видео) Силно невреме и кај соседите – поплави и штети во западна Србија

(Видео) Силно невреме и кај соседите – поплави и штети во западна Србија

Поројниот дожд, проследен со град и грмежи кој синоќа го погоди западниот дел на Србија, предизвика штети на патната инфраструктура и на земјоделските насади.

Како што јави Танјуг, невремето, што започнало по 20 часот, ги погодило териториите на општините Чачак, Горњи Милановац, Пожега, Косјериќ, Бајина Башта и делови од Лучане.

Според метеоролозите, во некои реони од подрачјето погодено од невремето наврнале и до 60 литри дожд на метар квадратен.

Обилните дождови предивикале поплави по улиците и во подрумите на повеќе станбени објекти.

Надлежните органи соопштија дека се предизвикани големи штети, пред се на овошните насади, а регистрирани се и оштетувања на патната инфраструктура и на повеќе возила. Тие сепак, како што јави РТС, нагласија дека попрецизни информации за штетите ќе бидат познати денеска.