Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСилни земјотреси во Јапонија – три лица загинаа, а 200 се повредени

Силни земјотреси во Јапонија – три лица загинаа, а 200 се повредени

 

Силните земјотреси во Јапонија направија голема штета – три лица загинаа, а 200 се повредени. Повредените веднаш биле примени во болница. Најголеми штети се направени во градот Машики, каде се урнале над 20 згради и избувнале пожари, а делумно е уништен и автопатот во префектурата Кумамото.

Првиот потрес бил со интензитет меѓу шест и 6,5 степени. Вториот бил со јачина од 6,4 степени. Меѓу двата земјотреса биле почувствувани и вторични потреси.