Friday, May 10, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСилниот земјотрес во Грција го почувствуваа и Битолчани

Силниот земјотрес во Грција го почувствуваа и Битолчани

Силен земјотрес го зафати рајбрежниот појас на 11 километри југозападно од Лефкада кој утрово во 8.10 часот по средноевропско време ги потресе Јонските Острови и градот Атина.

Прелиминарните податоци на Институтот за геодинамика на Атинската опсерваторија тврдат дека интензитетот на земјотресот изнесувал 6,1 степен според Рихтерова скала, траел неколку секунди и по него следувале уште три земјотреси со послаб интензитет. Поради големата сеопфатност и длабочина на земјотресот од само пет километри, истиот утрово бил почувствуван и во Битола.