Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаШумската полиција без никава заштита и под постојани напади

Шумската полиција без никава заштита и под постојани напади

Независниот полициски синдикат упати отворено писмо во кое ја открива тешката положба на припадниците на шумската полиција кои постојано се физички напаѓани, а немаат никаква заштита ниту пак соодветни средства за работа.

Врвот на незадоволството е достигнат кога пред неколку месеци крвнички бил претепан униформиран припадник на шумската полиција во Крива Паланка.

Според синдикатот дрвокрадците земаат се поголем замав исто како и педофилите и вршат тешки кривични дела. Посочуваат и дека неодамнешните поплави со скопско се директна последица на некотролираната сеча на дрва и осоголување на планините што доведе до тешки материјални штети, а беа загубени дваесетина животи.

Се упатуваат апели до Владата и надлежните министерства за изготвување на Колективен договор, регулирање на работниот однос на шумските полицајци како и нивна заштита од дрвокрадците кои се опасна закана.