Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаШто му порача Хан на Груевски?

Што му порача Хан на Груевски?

Мајкл Карничник, шефот на кабинетот на Јоханес Хан на Твитер по средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ напиша дека еврокомесарот во разговорите посочил дека итно мора да се формира влада зошто има парламентарно мнозинство.

-Треба итно да се формира нова влада. Постои парламентарно мнозинство. Уставот мора да се респектира, напиша Карничник на Твитер.

Претходно на новинарските екипи не им беше дозволено да снимаат за време на средбата Груевски и Хан. Од ВМРО-ДПМНЕ и Груевски сеуште нема официјална изјава за тоа што било разговарано.

Хан во текот на денот со претставниците на останатите политички партии исто така потенцираше дека мора што побрзо да се формира нова влада која ќе се посвети на реформскиот процес.