HomeДЕНЕШНАЕкономијаШпаркасе нуди поволен кредит со вклучено животно осигурување

Шпаркасе нуди поволен кредит со вклучено животно осигурување

Шпаркасе Банка во рамките на своето стратешко партнерство со Винер Лајф ја лансираше новата понуда за ненаменски потрошувачки кредит „Супер С“ со максимален износ до 1.200.000 денари, фиксна каматна стапка за првата година почнувајќи од 5,9% и рок на отплата до 10 години. Новитетот во оваа понуда на ненаменски потрошувачки кредит е дополнителниот осигурителен пакет од Винер Лајф кој вклучува полиса за животно осигурување.

sparkase i winer

Супер С кредитот е уште еден производ со кој продолжуваме да градиме долгорочен однос на соработка со граѓаните и воедно да им понудиме финансиски решенија кои ќе им овозможат и дополнителна вредност од областа на осигурувањето.Од тие причини креиравме поволна понуда којавклучува животно осигурување во соработка со Винер Лајф. Стратешкото партнерство со Wienna Insurance Group и поддршката од нашата матична банка Штаермеркише Шпаркасе од Грац, Р. Австрија се голем мотив да развиваме вакви иновативни производи и услуги кои ќе вклучуваат уникатни пакет понуди од банкарскиот и осигурителниот бизнис“, изјави Викторија Јовановска, Директор на Сектор Управување со физички лица во Шпаркасе Банка Македонија.

„Винер Лајф ја интензивира својата соработка со Шпаркасе Банка Македонија со цел преку заеднички настапи и производи на граѓаните да им овозможиме услуги со повеќе поволности. Во таа насока е и создавањето на „Супер С“ кредитот кој што во пакет со животна полиса им овозможува максимален износ на кредит до 1.200.000 денари. Ваквите заеднички настапи се добри и од аспект на стимулирање на пазарот и во банкарскиот и во осигурителниот сектор и на тоа се гледа како проширување со новитети и можностиза клиентот на едно место да добие цел спектар на различни финансиски услуги“, изјави Дарко Дедиќ,претседател на Управен одбор на Винер Лајф.

Клиентите можат да аплицираат за ненаменскиот потрошувачки кредит „Супер С“ преку експозитурите на Шпаркасе Банка Македонија, каде можат да се информираат и за полиса за животното осигурување преку Винер Лајф. „Супер С“ кредитот има максимален рок на отплата до 10 години и промотивен период за одобрување без провизија најдоцна до 31-ви декември.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com