Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаМиноски најави 72 милиони евра кредит за малите и средните бизниси

Миноски најави 72 милиони евра кредит за малите и средните бизниси

Нови 72 милиони евра за кредити за малите и средни претпријатија преку европската банка за обнова и развој, најави министерот за финансии, Кирил Миноски, кој учествува на пролетните средби на меѓународниот монетарен фонд и светска банка во Вашингтон. Станува збор за програма на Европската банка за обнова и развој, која се однесува на поддршка на земјите од Западен Балкан во вкупен износ од 360 милиони евра, од кои Македонија има право на користење на 20 отсто од фондот.