Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаШесте оставки ДИК ги доставила до Собранието, Срцев и Бонева ќе ги однесат сами

Шесте оставки ДИК ги доставила до Собранието, Срцев и Бонева ќе ги однесат сами

Шесте оставки на членовите на Државната изборна комисија (ДИК) поднесени вчера и денеска, односно тие на претседателот Александар Чичаковски, потпретседателот Реџеп Прекопуца, Атанас Урумов, Виолета Дума, Игор Милев и Субхи Јакупи се веќе доставени во архивата на Собранието, дознава „Мета“ од извори во ДИК.

Според информацијата што ја добивме, членовите на ДИК предложени од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева и Сашо Срцев, најавиле дека самите ќе ги достават оставките до Собранието, за разлика од нивните колеги .

Сè до моментот кога Собранието ќе ги констатира оставките, ДИК ќе продолжи да работи според своите ингеренции.