Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионШест деца изгореа до смрт откако се запалило училиште во Турција

Шест деца изгореа до смрт откако се запалило училиште во Турција

Трагедија во турската провинција Дијарбакир. Во училиште полно со деца денеска избувнал пожар во кој загинаа шест деца, јави „Анадолија“.

Во несреќата во селото Карадак на југоисток во државата повредени се уште шест ученици. Причина за пожарот е најверојатно спој во електричната инсталација, додава „Анадолија“ во извештајот, но сепак случајот останува да биде расчистен.