Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаШеснаесетто издание на конститутивна седница на Собранието

Шеснаесетто издание на конститутивна седница на Собранието

Собраниската конститутивна седница на која треба да се изберат членовите на Комисијата за избори и именување и спикерот на Собранието продолжува и денеска.

Пратениците од ВМРО-ДПMНЕ и коалицијата, вчера во рамките на 15 продолжение на седницата главно преку реплики и контрареплики побараа од СДСМ да се откаже од платформата од Тирана, како и да се организираат брзи избори за излез од постојната криза.

Од СДСМ и коалицијата, пак, се воздржаа од реплики и процердурални забелешки. Во репликите и контрарепликите пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, таканаречената „тиранска платформа“ ја оценија како постизборен инженеринг.