Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАСветШефот на Формула 1 уценуван од киднапери во Бразил

Шефот на Формула 1 уценуван од киднапери во Бразил

Првиот човек на Формула 1, Берни Еклстоун се соочува со големи проблеми откако е киндапиран член на неговото семејство, поточно Апаресида Шунк мајката на неговата сопруга Фабијана за која се бараат 30 милиони фунти

Киднапирањата се вообичаени во Бразил и криминалците често заработуваат токму на овој начин, грабнувајќи ВИП личности за кои бараат високи суми на откуп.

Еклстоун според податоците на магазинот „Форбс“ тежи 3.8 милијарди eвра и е еден од најмоќните луѓе во светот на спортот, се венча со младата Фабијана во 2012 година, три години откако ја запознал на трката за Големата награда на Бразил.