Monday, May 6, 2024
HomeДЕНЕШНАСветШарената револуција стигна до Брисел, Фуере меѓу демонстрантите

Шарената револуција стигна до Брисел, Фуере меѓу демонстрантите

Шарената револуција се крена и во Брисел. Триесетина млади Македонци кои работат или студираат во Брисел денес на пладне излегоа на плоштадот кој се наоѓа на неколку метри од Европската комисија и Советот на министрите на Европската унија. На демонстрантите им се придружи и Ерван Фуере, поранешниот амбасадор и специјален пратеник на ЕУ во Македонија, кој пред неколку дена протестираше и во Скопје.

Денеска во Брисел се одржува Совет на министрите за надворешни работи и тоа беше основната причина протестот да се одржи денес. Од бриселскиот протест до министрите беа испратени пораки со ЕУ со познатиот слоган „Нема правда, нема мир„.