Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСерија земјотреси го погодија Охридско

Серија земјотреси го погодија Охридско

Серија земјотреси синоќа се регистрирани во Охридскиот Регион. Првиот земјотрес, со интензитет од 3 степени според Рихтеровата скала, според информациите од Европскиот медитерански сеизмолошки центар, е регистриран во 2:37 часот. Епицентарот бил на 8 километри источно од Охрид, на длабочина од 5 километри.

Речиси два часа подоцна, односно во 4:28 часот е регистриран втор потрес со магнитуда од 2,1 степен според Рихтер, со епицентар 5 километри источно од Охрид, на длабочина од 2 километри.

Тринаесет минути подоцна, во 4:41 часот е регистриран трет, малку посилен потрес со јачина од 3 степени според Рихтер, со епицентар 8 километри источно од Охрид, на длабочина од три километри.

Последниот во серијата земјотреси се случил во 8:34 часот и бил со магнитуда од 2,7 степени, исто така со епицентар во близина на Охрид.

Не се регистрирани материјални штети од земјотресите, а експертите соопштуваат дека не треба да се очекуваат земјотреси со поголема магнитуда, бидејќи со секој изминат земјотрес се губи потенцијалот за поголем потрес.