Wednesday, May 1, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалСензација на пивидок, Конте го посакува фудбалерот на Парис Сен Жермен

Сензација на пивидок, Конте го посакува фудбалерот на Парис Сен Жермен

Екипата на Челзи испрати „тешка“ понуда на адреса на францускиот шампион Парис Сен Жермен. Како што пренесуваат англиските и француските медиуми Челси го посакува Едисон Кавани! „Плавите“ од Лондон испратиле понуда од 50 милиони евра за услугите на „Ел Матадор“.

Сепак, овие извори пренесуваат дека оваа понуда нема да биде доволно за да ја убеди управата на „Светците“ да го пушти својот напаѓач, а како што се претпоставува тие го вреднуваат на околу 80 милиони евра. Кавани минатата сезони постигна 23 погодоци за ПСЖ во сите натпреварувања, а во однос на тоа дека ова лето екипата ја напушти Ибрахимовиќ се очекуваше Кавани да биде прв напаѓач на „Паркот на принцовите“.

Челси сепак ќе се потруди тоа да не биде така, бидејќи е подготвен да се договори со Французите околу преминувањето на одличниот Уругваец на „Стемфорд Брич“.

kavani--1