Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалКонте пронајде засилување кај Мурињо?

Конте пронајде засилување кај Мурињо?

Англиските медиуми и понатаму го форисираат незадоволството на Конте од Бранислав Ивановиќ, му доведуваа замена цело лето, а сега шпекулациите се однесуваат на јануарскиот трансфер период. Конте наводно го посакува сонародникот Дармијан, што не е нова приказна, но англиските медиуми тврдат дека работата е сега уште посериозна и дека на Мурињо му е потребно да се ослободи од Италијанецот за да направи простор за Фабињо од Монако кој планира да го доведе.

Сега прашање е дали Мурињо ќе се одлучи да го продаде Дармијан токму на својот поранешен клуб Челси, бидејќи за неговите услуги покажа и Наполи. Дармијан беше купен за 20 милиони евра од Торино, а се чини дека цената сега му е пониска. Челси е подготвен да испрати повисока понуда за неговите услуги од Наполи, па останува да видиме како ќе се одвива ситуацијата.