Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСелото Дукаѓини во изобилство од марихуана – уништени над 74.000 стебла

Селото Дукаѓини во изобилство од марихуана – уништени над 74.000 стебла

Албанската полиција во изминативе два дена интервенираше во селото на северот од државата, Дукаѓини, од каде што отстранила вкупно 74.200 стебла марихуана.

Во соопштението стои дека акцијата била спроведена во атарите на селата Каснец, Мегул, Џан, Пог, План, Гур, сите од административната единица Пулт. Во селото Џан уапсено е едно лице осомничено за одгледување марихуана, а инциденти не биле регистрирани ниту во еден случај.


Акцијата „антиканабис“ ќе продолжи и понатаму со детална контрола на другите подрачја од околијата Скадар од страна на скадарската полиција и припадниците на единица за брза интервенција, – се наведува во соопштението.