Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСела: Нарачателите на атентатот се јавни политички личности

Села: Нарачателите на атентатот се јавни политички личности

Пратеникот и лидер на Алијансата за Албанците Зијадин Села смета дека нарачателите на обидот за убиство врз него кој го окарактеризира како атентат се добро познати политичари вмешани во криминал кој сакаат да го прикријат.

– Реално, немаше потреба од исказ за настаните кои се случија на 27 април, зашто сè беше толку јавно, тенденциите беа толку јавни и нарачателите на атентатот се јавни политички личности, партиски претседатели коишто се подготвени на се во обидот да ги скријат криминалот и корупцијата што ги направија сите овие години, изјави Зијадин Села откако во Основното јавно обвинителство даде исказ за нападот кој беше извршен врз него на крвавиот 27 април во Собранието.

Зијадин Села заврши со најсериозни повреди откако беше брутално газен од страна на гневните напаѓачи и влечен низ ходниците на Собранието во состојба опасна по неговиот живот.