Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаСекој вторник и петок евтини летови до Минхен со Еуровингс

Секој вторник и петок евтини летови до Минхен со Еуровингс

Германската нискобуџетна авиокомпанија „Еуровингс“ (Eurowings) која е дел од групацијата „Луфтханза“, ќе почне да лета на релација Скопје – Минхен од 31 октомври 2017, најави ТАВ Македонија.

Авиокомпанијата ќе оперира на оваа линија двапати неделно, во вторник и петок, со воздухоплов од типот Airbus А320-200, со капацитет од 174 седишта.

– Скопје ќе стане една од нашите 150 дестинации, и очекуваме да инвестираме повеќе во Македонија и во регионот во иднина – изјави Иван Ореч, директор за развој на мрежата на линии на „Еуровингс“.

Оттаму информираат дека продажбата на билети за дестинацијата Скопје – Минхен почна на 15 март и е отворена на веб-страницата на авиокомпанијата: www.eurowings.com.

„Еуровингс“ со седиште во Келн е дел од групацијата „Луфтханза“ и се смета за нискобуџетна авиокомпанија. Лета до повеќе од 150 дестинации во над 40 земји во Европа, а позната е по добрата мрежа на рути до атрактивни туристички локации за одморање. Нивните авиони сообраќаат и во повеќе земји од регионот, како Албанија, Бугарија, Хрватска, Србија, Косово, Црна Гора, Србија, Турција.