Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаОткриени цаките на летовите од Европа до Америка за 69 долари

Откриени цаките на летовите од Европа до Америка за 69 долари

Најавата дека неколку нискобуџетни авиокомпании од Европа ќе наплаќаат околу 69 долари за билет до САД ги возбуди глоубтротерите, но полека се откриваат сите „цаки“ и колку всушност ќе чини летот.

norwegian-c571aa47ae9e7d2a

Во принцип секој нискобуџетен авиопревозник наплаќа многу за багаж, при летот не е вклучена храна и пијалак, а исто така ќе треба да платите резервација, такса за излез од одредена земја како што е Велика Британија која чини околу 100 долари, а билетите се само за во еден правец, што значи при враќање ќе треба да платите многу повеќе.

Според сите математики еден лет од Западна Европа од дестинации како Единбург, Копенхаген, Дизелдорф или Рејкјавик ќе ве чини вкупно 300 долари што и не е така високо за интерконтинентално патување, но во секој случај треба да ги имате во предвид при планирање на летот.