Sunday, Apr 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалСега и дефинитивно, Барселона купи напаѓач за 30 милиони евра!

Сега и дефинитивно, Барселона купи напаѓач за 30 милиони евра!

Трансферот би требало наскоро да биде и официјално потврден, пристигнува засилување како што Луис Енрике посакуваше. Изминатите неколку денови кружеа шпекулации, но сега официјализацијата на овој трансфер ја делат само часови, Пако Алкасер овој викенд веројатно ќе го одигра натпреварот против Еибар, а потоа ќе потпише за Барселона.

alkaser

Тој денес тренираше со тимот, иако има и шпекулации дека нема да игра против Еибар, со цел да не заработи повреда пред големиот трансфер во Барса. Одличниот напаѓач ќе ги чини Каталонците 30 милиони евра, а ќе ја чека својата шанса во друштво на Нејмар, Меси и Суарез.

Сопственикот на Валенсија дал Зелено светло за овој трансфер, а се шпекулира дека клубот мора да го продаде Алксасер, не само поради неговата желба да замине, туку и бидејќи останаа без Лига на шампиони, а ова лето ги доведоа Нани, Монтоја, Медран и Марио Суарез. Им се закануват проблеми поради финансискиот фер плеј, па покрај напаѓачот и Шкордан Мустафи бза 40 милиони евра би можел да замине и да направи трансфер во Арсенал.