Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСедум лица соработувале со терористичката група во Дива Населба

Седум лица соработувале со терористичката група во Дива Населба

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поведува истрага против нови седум лица, осомничени за инволвираност во настаните од 9 и од 10 мај годинава, во кумановско Диво Насеље, соопшти Јавното обвинителство. Лицата се приведени утрово во акцијата на МВР, а оттаму се уште нема инфрмации за идентитетот на уапсените.

Во медиумите се шири информацијата дека еден од уапсените е Ибрахим Муртезани, во јавноста познат и како Командант Арачиново, командант на ОНА, но останува на МВР да ја потврди информацијата.

Во мајската акција против криминално-терористичката група во Дива населба животот го загубија 8 полицајци, а триесетина беа повредени. Во акцијата беа убиени и 10 членови на вооружената група, а 30 се предадоа и против нив се води судска постапка.