Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСе распушти кампот на слободата

Се распушти кампот на слободата

Се распушти опозицискиот „Камп на слободата“ кој два месеци беше поставен пред Владата. Собирањето на шаторите и расчистувањето на теренот започна од раните утрински часови. Камперите велат дека целта е постигната, но допрва следи вистинската институционална борба.

Во кампот на слободата секојдневно беа организирани дебати, трибини, настани а подршка покрај од граѓаните доби и од повеќе граѓански здруженија и активисти за човекови права. Од друга страна, поддржувачите на власта остануваат во Кампот на чуварите на демократијата лоциран спроти Собранието. Иако неколкупати досега најавија дека ќе чекаат прво распуштање на кампот пред Владата, велат одлука за негово распуштање ќе чекаат од партиското раководство. Дотогаш остануваат во шаторите.