Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСе преврте и запали мерцедес на автопатот Градско-Скопје

Се преврте и запали мерцедес на автопатот Градско-Скопје

Мерцедес со скопски регистарски таблички се преврте и запали попладнево на автопатот Градско-Скопје. На два километри од мотел Македонија, околу 14.30 часот се случила сообраќајката, кога скопјанецот возејќи го автомобилот, изгубил контрола и се превртел. Според информациите од СВР Велес, најверојатно пукната гума била причината за сообраќајната несреќа.

Од истекувањето на бензинот автомобилот се запалил, но шоферот, кој бил сам во него, успеал неповреден и навреме да излезе. Тој дури одбивал да добие медицинска помош. Со апарат за гаснење пожар, автомобилот бил изгасен и освен материјална штета, за среќа, нема повредени.