Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалСе ближи крајот, Клоп добива првокласен лев бек?!

Се ближи крајот, Клоп добива првокласен лев бек?!

Клоп бара фудбалер кој заедно со Алберто Морено би конкурирал на левата бековска позиција. Јонас Хектор беше и порано на „радар“ на клубот, своевремено и сам изјавуваше дека би сакал да соработува со Клоп, но од тоа немаше ништо па остана во Келн. Сега тоа би можело да се промен, бидејќи според пишувањата на англиските медиуми Ливерпул е подготовен да испрати нова понуда за неговите услуги.

Тие веќе ги контактирале лидерите на Бундеслигашот и преговарале за сумата за трансфер на Хектор. Келн барале сума од 22.5 милиони фунти за услугите на овој лев бек, а од Ливерпул се согласиле да ја платат оваа сума и се очекува во наредните 24 часа и официјално да ја испратат оваа понуда на нивна адреса.

На Ливерпул му е потребен лев бек, бидејќи после продажбата на Бред Смит во Бормаут, на таа позиција остана само Алберто Морено. Јасно е дека Хектор нема да се согласи да биде замена за Шпанецот, па се очекува двајцата да конкурираат за таа позиција. Хектор на изминатото Европско првенство одигра одлично, а за „Панцерите“ во текот на својата кариера има одиграно вкупно 20 натпревари.

Hektor