Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ: За три недели следува тотална блокада на државниот систем

СДСМ: За три недели следува тотална блокада на државниот систем

Ако продолжат блокадите, за три недели следува тотална блокада на државниот систем. На 15 мај престануваат сите надлежности на градоначалниците и советите во општините. Нови локални избори може да распише само новиот претседател на Собранието чијшто избор го блокираат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, предупредува СДСМ.

„За три недели, ако не се одблокира демократскиот процес, граѓаните ќе останат без еднократната социјална помош што им следува по закон! Социјално загрозените лица ќе останат без субвенциите за комунални трошоци! Без плата ќе останат вработните во општините, во училиштата, градинките, културните установи, другите општински установи! Привремено ангажираните работници во општините нема да може да го добијат својот паричен надоместок!

Нема да може да се издаваат одобренија за градба, решенија за легализација на бесправно изградени објекти и други слични решенија. Нема да има кој да потпише општински акти за заштита и спасување, доколку е потебно, со што се доведува во ризик безбедноста и здравјето на граѓаните“, потсетува СДСМ.

Оттаму порачуваат дека ова, како што велат, заложништво на граѓаните и државата што го прави Груевски преку Трајко Велјаноски и Ѓорге Иванов мора да прекине.

„Парламентарното мнозинство од 67 пратеници, кои претставуваат околу 700.000 граѓани ќе одговори на својата должност и ќе ги спречи огромните штети врз граѓанските и државните интереси. Чекорите што се преземаат се внимателни бидејки од другата страна има нерационални луѓе кои за своите интереси се подготвени да ги жртвуваат граѓаните и државните интереси. Во периодот што следи, согласно Деловникот, Уставот и законите ќе биде избран новиот претседaтел на Собранието кој ќе ги закаже локалните избори и ќе отвори пат за формирање на новата реформска Влада. Потсетуваме дека поттикнувањето насилства и активностите против државните интереси се спротивни на Уставот и законите и претставуваат тешки казниви дела“, се додава во соопштението на СДСМ.