Sunday, May 5, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ: Повеќе не постојат никакви пречки – Иванов да го додели мандатот

СДСМ: Повеќе не постојат никакви пречки – Иванов да го додели мандатот

Не постојат повеќе никакви пречки мандатот за нова Влада веднаш да биде доделен, стои во редовното дневно соопштението од СДСМ и се додава дека Ѓорѓе Иванов нема повеќе никакви изговори за да ја исполни својата уставна обврска кон граѓаните на Р.Македонија.

„Државен интерес на граѓаните на Р.Македонија е да добијат Влада како што изгласаа којашто ќе ја придвижи земјата напред во евро-атлантските процеси и ќе обезбеди квалитетен живот за сите и тоа ќе се случи. Ќе биде реафирмирана и Програмата на новата реформска Влада што ја гарантира унитарноста и независноста на државата.На граѓаните на Р.Македонија итно им е потребно смирување на политичката и економската состојба во државата. Тоа ќе го обезбеди новата реформска Влада“, велат од СДСМ и додаваат дека секое спротивставување на мирен трансфер на власта повлекува одговорност.