Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ: Иванов и ВМРО-ДПМНЕ да се однесуваат разумно

СДСМ: Иванов и ВМРО-ДПМНЕ да се однесуваат разумно

Ѓорге Иванов веднаш да го даде мандатот со што ќе овозможи претседателот Зоран Заев брзо да ја формира новата Влада и потоа законски да се утврди датумот за локалните избори, порача денеска СДСМ.

-Иванов нема право да ја загрозува егзистенцијата на луѓето во општините кои нема да можат да земаат плати и да ги блокира граѓаните да си ги добијат потребните општинските услуги, само затоа што на Никола Груевски и неговите соработници кои сакаат да бегаат од правдата, им одговара дестабилизација на државата – велат од СДСМ.

Според СДСМ, блокадата на демократските процеси кулминира со штети врз граѓаните со утрешниот престанок на мандатот на градоначалниците и советите.

Од партијата повторуваат дека лицитирањето со датуми за локалните избори како на лото емисија е крајно несериозно и никаде не води и апелираат во ВМРО-ДПМНЕ да преовладее разумот, партијата да постапи конструктивно и да овозможи Македонија да оди напред.

-Општините мора да продолжат да функционираат.На граѓаните им се потребни функционали независни институции што ќе им ги овозможи новата реформска Влада.Секој нов ден блокада на демократските процеси е нова штета врз граѓанските и државните интереси.Граѓаните гласаа за промени и мнозинската волја е уставна обврска. Секое дејствие против волјата на мнозинството е спротивно на државните интереси и противуставно дело казниво со закон – додаваат од СДСМ.