Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ: Иванов да не одолжува со неразумни оправдувања

СДСМ: Иванов да не одолжува со неразумни оправдувања

Дојде време кога Иванов не може да одолжува со неразумни оправдувања и мора да ја исполни уставната обврска и да го додели мандатот за формирање влада, се вели во редовното утринско соопштение на СДСМ.

„Демократските процеси мора да продолжат и Иванов повеќе нема простор да не дејствува. Демократскиот процес мора да биде испочитуван во насока на составување нова влада во согласност со Уставот и со законите на Република Македонија. Формирањето на институциите, пред сè, на новата влада и почнувањето на неопходните реформи во сите сфери се врвен државен интерес на Македонија која долго време беше блокирана поради стравот на поединци од соочување со личната одговорност“, велат од СДСМ.

Од партијата истакнуваат дека секое попречување на трансферот на власта е противуставно и противдржавно дело и подлежи на одговорност.