Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ има план за деблокада на Собранието

СДСМ има план за деблокада на Собранието

Со прекин на узурпацијата на Собраниската говорница и избор на претседател, а потоа и нова реформска влада, ќе профункционираат институциите, она што веќе 110 дена го чекаат граѓаните, рече Љупчо Николовски од СДСМ од собранискиот прес центар. На неколку новинарски прашања, дали СДСМ има план како да се деблокира Собранието и кои чекори ќе превземат, Николовски не беше дециден. Само рече дека имаат план и поддршка од 67 пратеници за прекин на 7 дневната дебата.

„Ние имаме мнозинство во оваа Собрание и никој не може да го негира. Ние сме тие кои мора да го деблокираме Парламентот и за тоа ќе ги преземеме сите неопходни чекори. За сите ставови, оперативни планови и одлуки кои планираме да ги реализираме, благовремено ќе ја информираме јавноста“, рече Николовски. Тој додаде дека на нивните процедурални забелешки не гледаат како на блокада, туку преку нив сакаат да им објаснат на граѓаните дека на овој начин бараат да се премине по расправа на точка од дневниот ред, а тоа е верификација на Комисијата за избори и менувања и избор на нов собраниски спикер.

Тој обвини дека на овој начин пратениците од ВМРО­ ДПМНЕ ја загрозуваат егзистенцијата на земјоделците кои немаат земено ниту денар од субвенциите. Додава дека пратениците дека работат за заштита на криминалот и нафтените платформи и дека сакаат да ги крадат граѓаните до последен ден.