Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ: Груевски виде што значи кога народот врие

СДСМ: Груевски виде што значи кога народот врие

-„На вчерашниот масовен протест десетици илјади граѓани упатија силна порака до криминалната власт на Никола Груевски дека трпението е при крај.

Револтот кај граѓаните секојдневно се интензивира.

После дебаклот на ВМРО-ДПМНЕ на собирот што го организирше ГДОМ, вечерта, на масовниот граѓански протест Никола Груевски виде што значи кога народот врие.

Македонија застана против криминалната власт на Никола Груевски и ги поддржа барањата на граѓаните и опозицијата:

Уставниот суд да се изјасни за уставноста на Законот за СЈО.

Да прекине прогонот на демонстрантите.

Одговороност за криминалците на власт и владеење на правото.

Влада којашто ќе создаде услови и ќе спроведе слободни, фер, демократски и кредибилни избори.

Јасно е, Македонија нема да дозволи криминалната власт да ја држи во заложништво нејзината иднина.

Оттука е денешната панична реакција на уплшениот врв во ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението од СДСМ.