Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ, ДУИ И ДР-ДПА заедно во Влада, а БЕСА се уште молчи

СДСМ, ДУИ И ДР-ДПА заедно во Влада, а БЕСА се уште молчи

Претседателот на ДР-ПА, Зијадин Села ги отстрани нејасностите потврдувајќи за ТВ21 дека Алијансата за Албанците ќе биде дел од коалицијата за реформи со СДСМ. Тој рече дека ќе му даде поддршка на Зоран Заев да стане премиер на реформска влада.

Коалицијата со СДСМ вчера за прв пат јасно ја официјализираше лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Ахмети додаде дека очекува претседателот Иванов да одговори по барањата од меѓународната заедница и да му го даде мандатот на неговиот коалициски партнер Зоран Заев, за да можат заедно да формираат влада.
Движење Беса засега останува на ставот дека за учество во влада, ќе дискутира само тогаш кога ќе има мандатар и конкретна понуда за заедничко владеење. ВМРО-ДПМНЕ денеска не ги коментираа изјавите на Ахмети и Села за новата коалиција.

Досегашната владејачка партија и денеска, по која знае кој пат, повтори дека се залага за нови парламентарни избори, заедно со локалните.