Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ бара забрана на сметки за тие што не користат парно

СДСМ бара забрана на сметки за тие што не користат парно

СДСМ во раната фаза на предизборието излезе со еден прилично популистички иако навистина позитивен предлог, а тоа е забрана со закон за сите сметки кои на граѓаните им пристигнуваат за топлинска енергија, а истите не користат парно, туку само низ нивните станови поминуваат цефките на топлификација.

Граѓаните долги години се жалат дека не е фер да плаќаат за услуга која воопшто не ја користат и дека поставеноста на инфраструктурата воопшто не е нивна одговороност. Барањето го постави пратеничката група на СДСМ и опозиционата коалиција во Собранието на Република Македонија, но се уште нема реакција од владеачкото мнозинство.