Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ бара итна собраниска седница за поплавите

СДСМ бара итна собраниска седница за поплавите

Опозицијата составена од пратениците на СДСМ до Собранието достави барање за одржување итна седница со една точка на дневен ред – состојбата во подрачјата погодени од временските непогоди кои се случија на 6 август 2016 година во околината на градот Скопје.

– Собранието мора да расправа за оваа состојба и што е уште поважно пратениците мора да ги донесат предложените заклучоци за да се исполнат условите за задоволовување на минималните потреби на граѓаните кои се погодени од временските непогоди, изјави пратеникот Шилегов на прес-конференција.

Според Шилегов , на теренот има сериозен број недостатоци од организациски аспект дури и во делење на хуманитарната помош, но, како што рече, свесно не се подигаат на политичко ниво затоа што сега е најнеопходно да се санираат последиците од невремето.

СДСМ побара поддршка и од останатите пратеници за итно да се разгледа состојбата и да се донесат правилно одлуки за помош на населението во загрозените подрачја.