Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСавески: Намерно не се информира јавноста за референдумот против рудникот на смртта

Савески: Намерно не се информира јавноста за референдумот против рудникот на смртта

На 23 април во Гевгелија ќе се одржи локален референдум против отворањето на рудник за злато, фактички, рудник на смртта, соопшти Здравко Савески од „Левица“, додавајќи дека пошироката јавност (намерно) не е доволно информирана за какви рудници станува збор.

„Единственото што се труби е дека ќе се отворале дополнителни работни места и под тој изговор на странските инвеститори им се дозволува да прават што сакаат. Ваков „рудник“ ќе се отвора и во Иловица, Струмичко, каде работите се отидени доста понапред од Гевгелија. Секоја чест на гевгелиските активисти што на време кренаа глас против ова зло не само за жителите на Гевгелија туку и пошироко.

Пред три-четири години нашите другари од Грција ни кажуваа за ваквите „рудници“ кои ги отвораа на Халкидики и во Кукуш. Она што ни го кажаа е следното: Не се работи за класичен рудник, каде што се ископува руда, туку ХЕМИСКИ се обработува земјата, со помош на ЦИЈАНИД, и така, по хемиски пат, се екстрактира злато. За потребите на хемиската операција, потребно било да биде земјата сува, а тоа покренувало целосно ОГОЛУВАЊЕ на планините. Поради тоа, водата во околните подрачја се намалила, а и била загадена преку употребата на цијанидот.
Се разбира, позната финта е преку корупција да се добие дозвола од Министерството за заштита на животната средина дека сето ова е согласно еколошките стандарди.

Јас далеку од тоа да сум целосно упатен во оваа материја, но има луѓе кои се далеку поупатени. Јас само ќе им честитам на гевгелиските активисти што успеаја да притиснат за организирање локален референдум, би апелирал до граѓаните на Гевгелија да се запознаат подобро околу отворањето на рудникот и да излезат на референдумот. Исто така, апел до медиумите да го актуализираат повеќе референдумот. Ова не е само гевгелиска работа, се случува истото и во Струмичко и, ако си спиеме, ќе се случува и на други места во Македонија. Да не дозволиме гладта за профит на мултинационалните компании да ги уништат нашето здравје и животи!“, пишува Савески.