Saturday, Apr 27, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонSamsung Galaxy S7 најпродаван смартфон за 2016?

Samsung Galaxy S7 најпродаван смартфон за 2016?

Foto: Screenshot

Благодарејќи на големата продажба на новиот Samsung Galaxy S7, компанијата „Samsung“ во првиот квартал успеа да дојде до пораст на профитот од 10 проценти. Во обидот да се одбрани делот од пазарот наменет за смартфони, „Samsung“ во март ја претстави најновата верзија на својот смартфон Galaxy, воочи претставувањето на новите модели кај останатите конкуренти.

Според првите шпекулации и проценки стои дека после првите 20 дена од пуштање на овој производ во продажба, порачките на моделите Samsung Galaxy S7 и Samsung Galaxy S7 edge достгигнале до цифра од десет милиони уреди. „Очекуваме дека Galaxy S7 ќе биде најпродаваниот смартфон со оперативен систем андроид за 2016 година“, изјави генералниот директор на компанијата „Strategy Analytics“.