Samsung со убедлива победа над iPhone и тоа каде највеќе боли
Samsung прерасна во најуспешниот мобилен бренд на светот втор квартал по ред успевајќи да го порази директниот и најголем конкурент Apple и тоа на негов терен. Galaxy S7 е далеку подобар во продажбата во САД отколку iPhone 6s што покажува нов тренд кај американските купувачи.
За нив очигледно iPhone брендот веќе не е толку „кул“ и упорноста на Samsung со сите маркетиншки кампањи и трикови конечно се исплати. Во премиум класата Galaxy S7/Edge моделите држат 16% учество, додека пак iPhone 6s/Plus моделите заостануваат со 14.6%.
Инаку вкупно Samsung доминира на американскиот пазар со 37%, а добра вест е што дури 86% од веќе постоечките корисници повторно би купиле Galaxy смартфон.
Извор: telefoni.mk