Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРЛитератураНајплатени писатели во 2016 година

Најплатени писатели во 2016 година

Американскиот магазин „Форбс“ ја објави својата годишна листа на најдобро платени писатели. На првото место за 2016 година се наоаѓа американскиот писател Џејмс Патерсон, а друштво на врвот му прават оние кои оваа година заработиле милиони на своите дела: Дж. К. Роулинг, Стивен Кинг и Џон Гришам. Џејмс Патерсон, американскиот мајстор за „крими романи“ во својата долга кариера има продадено повеќе од 300 милиони примероци ширум светот и во 2016 година е автор кој може да се пофали со најголема заработка- дури 95 милиони долари!

Втор на листата на „Форбс“ е авторот на популарниот детски серијал „Diary of a Wimpy Kid“ Џеф Кини со 19.5 милиони долари, а трета е Дж. К. Роулинг со 19 милиони долари. Четврти на оваа листа е авторот Џон Гришам со 18 милиони, а зад него е хорор мајсторот Стивен Кинг со 15 милиони долари.