Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСамо условни казни за тепачите на пратеници

Само условни казни за тепачите на пратеници

Деветмината обвинети кои се поврзани со инцидентите од Собранието од 27 април кои се товарат за „учество во толпа која ќе спречи службено лице во извршување службена должност”, добија условни казни. По тричасовното судење во Кривичниот суд сите девет обвинети ја признаа вината.

Првообвинетиот Димче Христовски – Жабата ќе добие затворска казна од една година и 6 месеци ако во следните 5 години направи кривично дело. Сите останати ќе бидат казнети со 6 месеци затвор ако во следната година и пол направат кривично дело.

Во емисиите на Телма и на Алсат – М, „Топ тема на ваша страна“ и „360 степени“, вчера беа објавени снимки од собраниските камери на кои се гледа дека седум пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и овозможиле на толпата да влезе во собраниските сали и да нападне пратеници.

Извор: prizma.mk