Само три години имате „фора“ со iPhone
Многумина го доживуваат својот iPhone како статусен и скап симбол, но според Apple само три години се оптимални во кои корисникот на iPhone или iPad може да очекува целосна функционалност и непреченост во работата, по што доаѓа до застарување на системот и поддршка за нови апликации и сервиси кои не работат во полн капацитет.
Apple има лоша репутација токму по ова прашање бидејќи се смета дека намерно придонесува преку софтверските надградби постарите уреди да ја губат функционалноста и употребливоста со што корисниците се принудени да ги купат новоизлезените уреди.
Извор: telefoni.mk