Friday, Apr 26, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонApple го освојува пазарот на паметни часовници

Apple го освојува пазарот на паметни часовници

Иако пазарот за паметни часовници и натаму не е на предвиденото ниво, американскиот гигант Apple ја превзеде диригентската палка.

Тим Кук неодамна испрати јасна порака дека продажбата на Apple Watch 2 се зголемила двојно оваа година, а многумина сметаа дека првиот човек на компанијата од Купертино едноставно претерува.
Сепак, после службените извештаи кои што ги „потпишува“ Strategy Analytics, се чини дека Тим Кук воопшто не ги зголемувал бројките, затоа што Apple конечно ја превзеде водечката позиција кога е во прашање пазарот за паметни часовници.

Досега водечка компанија беше Fitbit, но и тие во првиот квартал испорачале 2,9 милиони носиви уреди (паметни часовници, нараквици) додека Apple во истиот период продале 3,5 милиони Apple Watch 2 паметни часовници. Тоа е зголемување за 59%, затоа што минатата година Apple забележале продажба од 2,2 милиони часовници.
Apple така со удел од 15,9% ја зазеде челната позиција на овој пазар, додека пак Fitbit падна на третото место, откако оваа компанија забележала пад од 35% во однос на минатата година и моментално држи 13,2% од пазарот.

На второто место се наоѓа кинеската компанија Xiaomi која што не заостанува многу зад Apple. Кинеската компанија има удел на пазарот од 15,5%, но исто така забележала пад во однос на минатата година од 3,8 на 3,5 милиони испорачани носиви уреди.
Иако е точно дека пазарот на носиви технологии ниту одблиску го нема достигнато нивото кое што се надеваа производителите дека ќе биде достигнато, но факт е дека пазарот бележи растна вкупно ниво, затоа што минатата година биле испорачани 18,2 милиони уреди, додека оваа година таа бројка ќе изнесува околу 22 милиони.