Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСамо 1.500 мигранти успеа да распредели Унијата

Само 1.500 мигранти успеа да распредели Унијата

Од 160.000 бегалци кои требало да ги распредели Унијата од Италија и Грција во рамките на својата одлука да ги расели во другите земји-членки, успеала да расели само 1.500 мигранти.

„Не можам да го кријам своето разочарување од спроведувањето на механизмот за распределба“, изјави еврокомесарот за миграција Димитрис Аврамопулос на прес-конференција во Брисел.

ЕУ одлучи да воведе квоти за бројот на бегалците кои земјите-членки треба да ги прифатат, меѓутоа оваа одлука  не се спроведува поради приговорите од страна на голем број држави, претежно на Полска, Унгарија, Чешка и Словачка.