Saturday, May 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСагата продолжува – деветто издание на конститутивната седница

Сагата продолжува – деветто издание на конститутивната седница

Собранието на Република Македонија денеска по деветти пат ќе ја продолжи конститутивната седница на која треба да се изберат претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Според претходно договореното, Комисијата ВМРО-ДПМНЕ ќе биде застапена со шест членови, СДСМ ќе има пет, а ДУИ и БЕСА по еден член. Претседател на Комисијата треба да биде Илија Димовски.

Сепак, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го блокира изборот на членовите на Комисијата со расправи, реплики, контрареплики и процедурални јавувања за збор, а сите тие, во најголем број од случаите се насочени кон самите членови на нивната партија. Поголемиот дел од расправите се насочени кон двојазичноста и албанската платформа, но не и кон точките на дневниот ред

За членови од ВМРО-ДПМНЕ се предложени Илија Димоски, Антонијо Милошоски, Крсто Мукоски, Даниела Рангелова, Димитар Стеванаџија и Благица Ласовска, од СДСМ Горан Мисовски, Дамјан Манчевски, Петре Шилегов, Мухамед Зекири и Ивана Туфегџиќ, од ДУИ Џеват Адеми и Зеќирија Ибрахими од БЕСА.

Конститутивната собраниска седница почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Законодавниот дом.

Покрај изборот на Комисијата, на дневен ред на седницата е и изборот на претседател на Собранието на Република Македонија.