Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСАД спремаат нови рестрикции за руските дипломати

САД спремаат нови рестрикции за руските дипломати

Вашингтон би можел да го ограничи движењето на руските дипломати во САД и да ја заостри процедурата за нотификација како одговор на акцијата на Русија кон американските дипломати и дипломатскиот имот, пишува весникот „Известија“, повикувајќи се на дипломатски извори.

Весникот наведува дека станува збор за скратување на радиусот на движење на дипломатите и на техничкиот персонал на амбасадите и конзулатите од сегашни 40 километри на 16 до 24 километри.

За дипломатите ќе виде воведена процедура на нотификација според која вработените во руските дипломатски мисии мораат три дена порано да го известат Стејт департментот за своите планови да отпатуваат на поголема далечина од онаа кој им ја пропишале американските власти, пренесува „Спутник“.