Sunday, May 5, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаРускиот амбасадор во ЕУ и нуди на Македонија алтернатива за ЕУ и НАТО

Рускиот амбасадор во ЕУ и нуди на Македонија алтернатива за ЕУ и НАТО

Рускиот амбасадор во ЕУ Владимир Чизов на вчерашната средба со група новинари изјавил дека неговата земја може да и понуди на Македонија, на Западниот Балкан и на секоја друга земја, алтернатива за евроатлантските интеграции, објавува порталот Еуроактив.

На прашањето од Бојан Панчевски од Сандеј Тајмс, што е она што Русија може да и понуди на Македонија, во споредба со она што го нуди Западот, вклучувајќи ги и фондовите од ЕУ, Чизов рекол дека евроатлантската стратегија на Македонија се соочува со „одредени тешкотии“ кои не се поврзани со тековната криза, алудирајќи на спорот за името со Грција, што резултира со вето од Атина за членството во НАТО и почетокот на преговорите за членство во ЕУ.

– Што може да понуди на Русија? Се разбира, секогаш постои алтернатива на евроатлантските интеграции, како што се размислува во некои земји, други пак избраа да не бидат дел од нив. Но, се разбира, јас нема да кажам дека евроатланскиот пат е единствениот што е на располагање за било која земја на Балканот, или било која друга земја, рече Чизов.

– За разлика од САД и ЕУ ние (Русија) не се меша во оваа политичка криза. Ние веруваме дека крајната цел е да се зачува Македонија како единствена земја, да го зачува својот Устав и да дозволи политички сили да се договорат за тоа како да се продолжи натаму, додава рускиот амбасадор.

Тој повтори дека „негов личен став“ е дека можеби треба да има нови избори во Македонија.