Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионРусите како помошници на српската војска, вежбаат спречување државен удар

Русите како помошници на српската војска, вежбаат спречување државен удар

„Словенско братство 2015“ е вежбата која во наредниве неколку дена српските специјалци ќе ја вежба заедно со руските и белоруските војници, пренесува српски „Блиц“. Официјално вежбата има за цел да се стекнат способности на откривање и уништување илегални оружени формации.

Потпаролот на српското Министерство за одбрана ја објасни намерата на учеството на единиците на војската во Србија во кревање на нивните оперативни и функционални способности, но и дека не сака да навлегува во политичката конотација која и се дава на вежбата.


Оваа година имавме повеќе од 20 мултинационални вежби кои се важни поради интернационалното опкружување, работата на непознат терен, користењето на странска техника и запознавањето со нејзе, вели Кривокапиќ.


Братислав Гашиќ, Министерот за одбрана на Србија се појави со нова замерка. Претходно на забелешката од ЕУ дека со учеството во оваа вежба Белград испраќа лош сигнал, одговори дека Србија е неутрална, но и дека прифаќа секакво партнерство и размена на искуства.