Thursday, Apr 18, 2024
HomeАНТИСТРЕСВнесете радост во животот – еве неколку начини

Внесете радост во животот – еве неколку начини

Насмевнете се, макар и да се натерате на тоа

Развлечете усни и кога не ви е до тоа. Со движење на мускулите кои ја регулираат насмевката на мозокот му испраќате сигнали дека сте среќни и го активирате центарот за задоволство. Насмевнувајте се додека разговарате со луѓето, така ќе станете поприлагодливи

Посегнете кон хумор

Смеењето го подобрува расположението повеќе од насмевката, насочете се кон хумористични книги,серии и филмови

Тргнете во акција

Истражувањата покажуваат дека вежбањето влијае на депресијата како антидепресив. Вежбањето постигнува лачење на хормони (допамин,ендорфин и норадреналин) кои се заслужни за психичка благосостојба

happiness-2

Јадете темна чоколада

Само неколку коцки темна чоколада со повеќе од 70% какао го намалуваат хормонот на стрес. Исто така, пијте зелен чај, неговите состојки делуваат смирувачки на целиот организам

Делете комплименти

Ситните детали го чинат животот убав, пофалбите и комплиментите се убав начин да го расположите соговорникот, секако ако е тоа искрено

.

Правете добри дела

Пружете помош,волонтирајте и воопшто правењето добри дела без да барате да ви биде вратено го зголемува чувството на сопствената вредност и душевната благосостојба. За почеток доволно е да му направите услуга на некој член од семејството или на соседот.