Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаРусија им порачува на странците да не се мешаат во Македонија

Русија им порачува на странците да не се мешаат во Македонија

Русија порача да запре странското мешање во работите на Македонија. Како што рече Рускиот амбасадор во ОБСЕ, Александар Лукашевич,меѓународната заедница треба да ги остави македонските граѓани сами да одлучуваат за својата судбина.

„Потребно е да се запре странското мешање во внатрешните работи на Македонија и да се почитуваат правата на македонските граѓани самостојно да одлучуваат за својата судбина во согласност со основите демократски принципи. Ги повикуваме сите политички сили во Македонија и надворешните посредници од ЕУ и САД да го следат патот за решавање на внатремакедонската ситуација низ дијалог во контекст на постоечките законски демократски процедури со почитување на постапките и одлуките на легитимната власт, водејќи се од подобрување на стабилноста и општествената хармонија во Македонија“ – се наведува во текстот од говорот на Лукашевич на заседавањето на советот на ОБСЕ кој е објавен на сајтот на Министерството за надворешни работи на Русија.

Рускиот дипломат истакнал дека и покрај волјата на македонскиот народ, некои сили се обидуваат, користејќи го албанското малцинство, на власт во Скопје да доведат политичари кои изгубиле на изборите.

„На внатрешнополитичкиот процес му даваат меѓуетничка боја, наметнувајќи ја „Тиранската платформа“ – отворено провокативен документ кој има за цел подривање на уставното уредување на Македонија со директно учество на претседателот на албанската Влада“ – додава Лукашевич.