Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАСветРусија и САД ќе започнат заеднички напади во Алепо

Русија и САД ќе започнат заеднички напади во Алепо

Русија и САД се пред договор за започнување заеднички воени акции против џихадистите во северниот сириски град Алепо, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

– Се наоѓаме во активна фаза од преговорите со нашите амрикански колеги, рече Шојгу.

Тој нагласи дека доколку биде постигант договор за заеднички руско-американски операции против џихадистичката група Исламска држава (ИД), тие нема да бидат ограничени само на реонот на Алепо.

– Договорот ќе ни овозможи да започнеме заеднички да се бориме против екстремистите, со цел да донесеме мир и да можат луѓето да почнат да се враќаат во своите домови, истакна Шојгу.

Тој додаде дека Русија и претходно иницирала евентуална воена соработка со САД во Сирија, но дека американската Администрација и Вооружени сили реагирале скептично на таквите идеи.